Чудо на природата: Езеро среде планина се појавува неколку пати годишно (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Езерото познато како „Desappearing Tarn“ односно „Исчезнувачко брдско езеро“, ги воодушевува излетниците и фотографите на Тасманија откако овие денови се покажа во навистина ретко издание.

Езерото се наоѓа на половина пат кон планинскиот врв Велинготн, висок 1.271 метар.

Во прашање е место кое за време на годината претежно е суво и кое со вода се полни помалку од десетина пати, исклучиво по обилни дождови или нагло топење на снегот, за да водата набргу изчезне низ празнините во камењата.

Алпски Кариби – езеро кое секоја година го „голта“ паркот (фото)

Loading...

Ретки се излетниците кои успеваат да го уловат езерото, особено низ објективот, велат декав одата од езерото е олицетворение на неверојатно синило. Оваа година глетката е чудесна, затоа што никој не се сеќава дека на местото на езерото некогаш имало толку вода во најдлабоките делови пак изгледа како сафирно.

Таквите глетки инаку можат да се видат скоро само во недопрената природа на тропските краеви.

Површината на оваа езерце е приближна на олимписки базен, а повеќе од тоа и не може да се очекува, со оглед на тоа дека се наоѓа на падините на планината и тоа на терен кој не може да задржи вода.

Езерото се појавува толку ретко што дури и на Тасманија многумина, се до сега, биле скептични за неговото постоење – мислеле дека се работи само за излетнички мит.

За вистинитоста на феноменот во еден момент се повела и таква расправа, што австралискиот „Хералд Сан“ објавил сведочење на еден посетител за тоа дека езерото сепак го видел со сопствени очи.

Leave a Reply