Чудни случаи на живот после смртта! Дали сте слушнале за Лазаровиот синдром?

Сподели со своите пријатели

Чудни случаи на живот после смртта! Дали сте слушнале за Лазаровиот синдром? Овој синдром датира уште од времето на Исус Христос…

Loading...

Студијата во 2020 година ја истражувала целата позната медицинска литература за овој интересен медицински феномен и успеала да пронајде 65 пациенти кои доживеале автореакцитација помеѓу 1982 и 2018 година.

Осумнаесет од овие луѓе (28 проценти) успеале целосно да се опорават по смртта.

 

 

Иако овој настан се случил пред 20 години, експертите неодамна го потсетија случајот со извештај.

После срцев удар предизвикан од истекување на аневризма на абдоминалната аорта, односно прекин на главната вена во стомакот, 66-годишник итно бил пренесен во болница, каде се обиделе да го реанимираат 17 минути, но за жал без успех.

Loading...

Лекарите го прогласиле за мртов, но само 10 минути подоцна се случило чудо – човекот оживеал.

Срцето повторно почнало да чука, а тоа го забележал хирургот кој во тој момент ги учел студентите за смртта на пациентот.

 

 

Иако вакво нешто е многу ретко, постојат записи за случаи на луѓе кои починале, и само неколку моменти после тоа тие оживеале.

Овој феномен се нарекува Лазаров синдром според чудото во Новиот Завет кога четири дена по смртта на Лазар, Исус го воскреснува од Бетанија.

Познато е и како автореанимација – срцето на пациентот застанува иако се испробани сите методи на реанимација, а потоа циркулацијата и отчукувањето започнуваат спонтано.

Loading...

Leave a Reply