Чудни правила за полагање возачки испит ширум светот

Сподели со своите пријатели

Иако во поголемиот дел од земјите при полагање за возачка дозвола се сведува на усен и практичен дел, во некои земји постојат и чудни правила за полагање на возачкиот испит или за возење на автомобилите.

Кенија

Подготовките за возачки испит во Кенија вклучуваат и возачка за автомобил играчка по посебно дизајнирана маса, а практичниот дел од испитот наводно понекогаш трае и помалку од минутка.

Северна Кореја

Доколку во Северна Кореја сакате висока категорија возачка дозвола мора да знаете да го составите автомобилот.

Буркина Фасо

Во оваа земја јавна тајна е дека ќе го паднете практичниот дел од возачкиот испит ако на испитувачот не му „подарите“ 25.000 франци.

 

Loading...

 

Кина

До 2013. годиан кинеските возачи ги советувале дека кога фронтален судар е неизбежен да го пуштат воланот, да дигнат нозе и да се фрлат на страна на совозачкото седиште.

Хондурас

Едно од прашањата на теоретскиот дел од испитот е „Што ќе направите ако некого прегазите?“, а меѓу одговорите биле: „ќе го покријам со листови“, „ќе испијам рум“ и „ќе го оставам таму“.

Индија

До 2013. година испитувачте воопшто не морале да седат во автомобил за време на испитот. Кога тоа законски се променило стапката на минување мистериозно паднала за 50 отсто.

 

 

Египет

Донеодамна испитот се состоел од возење шест метри напред и шест метри наназад. Сега тоа малку е „покомплицирано“ па идните возачи мора да одговорат на 10 прашања и да возат по патека во форма на буквата Ѕ.

Јужноафриканска Република

Кандидатите за возачка во оваа земја можат да паднат и пред да седнат воа втомобилот и тоа ако не проверат дали нешто им тече под автомобилот, но и ако повлечат рачна кочница, а тоа не биде тивко.

Мексико

Во Мексико нема испити за полагање за возачка дозвола. Ако сакате да возите автомобил во Мексико, се што треба да направите е да купите возачка дозвола која чини околу 28 фунти.

 

Loading...

 

Пакистан

Полагањето возачки испит во Пакистан подеднакво е лесно. Од идните возачи се бара да имаат задоволувачки вид, по што едноставно треба да преминат кратко растојание на полигон со пречки и тоа истото да го повторат во рикверц. Стапката на супешно полагање е околу 80 отсто.

Русија

Во Русија идните возачи мора да минат тест на кој тргнуваат од место, а потоа го забрзуваат возилото, по што кочат за да се стопираат пред обележана позиција. Притоа не смеат да остават траги од гумите од кочење на асфалтот.

Јапонија

Во Јапонија идните возачи обука вршат на полигони кои симулираат вистински градски улици.

САД

Во САД, како во развиена држава, добивањето возачка дозвола е тешко. Меѓутоа, во Тексас идниот возач на полагањето не мора да се појави на улица. Доволно е своите вештини да ги докаже на полигон каде треба да се вози помеѓу пречки, да покаже владеење со паралелно паркирање и да знае да го сврти возилото со комбинација на движење нанапред и во рикверц. Потоа, може да се вклучи во секојдневниот сообраќај.

Финска

Во Финска идните возачи најпрвин мора да минат најмалку 18 часа предавање, а потоа и да положат тест кој се состои од теоретски дел и градско возење (слично како и кај нас). Кандидатот мора и да владее со паралелно паркирање. Потоа се добива возачка дозвола која важи две години. Во тој период, дури искусните возачи мора да минат низ уште една обука – школа за напредни возачи, која вклучува возење во ноќни услови.

Leave a Reply