Chrome против блокирање на анонимното пребарување

Сподели со своите пријатели

Пропустите во рамките на Chrome incognito mode постои веќе некое време така што на веб сајтовите им овозможува да регистрираат кога некој корисник на интернет пребарува анонимно, па одредени тој пропуст започнале да го користат, за да ги блокираат анонимните посетители. До таквата пракса дошло бидејчи анонимного пребарување ја загрозува статистиката и собирањето податоци, а Google планира грешката да ја исправи и на корисниците да им го врати правото на анонимноста.

Loading...

Проблемот се наоѓа во Chrome „FileSystem“ API одделот, т.е. API е исклучен кога Chrome е во Incognito mode, што на сајтовите им овозможува да ги забележат оние кои пристапуваат анонимно. Во иднината, кога сајтовите ќе бараат FileSystem API, Chrome ќе креира привремени виртуелни фајлови во рамките на RAM меморијата, па детектирањето и блокирањето на Инкогнито пребарувачите ќе биде оневозможено. Привремени фајлови потоа ќе бидат бришани отако ќе се затвори пребарувачот, така што Chrome ќе има целосна контрола над начините на анонимно пребарување.

Експертите истакнуваат дека ова највертојатно е само привремено решение, додека FileSystem API целосно не се отстрани, што би можело да се случи кога Google ќе утврди дека API прави малку повеќе од откривање на Инкогнито корисниците, а до тогаш експерименталната опција пристигнува со Chrome 74 верзијата, па се претпоставува дека ќе стане стандардна до верзијата 76.

Leave a Reply