ЧОВЕК ИЛИ МАШИНА: Ова е рускиот робот Борис (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Може да оди, да разговара, а дури може и да игра како робот.

Loading...

Но, дали тоа навистина е робот?

По чудната машина по име Борис, претставена на форумот за млади во Јарославља на 11 декември, репортер на руската државна телевизија тврдел дека тоа е навистина робот, пишува РСЕ.

Новинар на Русија-24 го опишал Борис како „еден од најнпаредните роботи“, кој веќе научил да игра и дека воопшто не е лош.

https://youtu.be/4YUqUunt3Ns

Но, се испоставило дека Борис не бил ништо посебно во однос на Асим, технички високонапреден роботски хуманоид кој го произвела јапонска Хонда, на кој доста наликува.

Всушност, тоа бил само маж во костим, кој скокал на сцената на познатиот годишен форум во чие создавање пред неколку години улога имал и рускиот претседател Владимир Путин.

Но, во извештајот на Русија-24 очигледно се било сфатено сериозно и сега се наоѓа на мета н апотсмев на некои медиуми во Русија и други на социјалните мрежи.

Значи, кој или што било на изложбата во Јарославља?

Loading...

Руската компанија за висока технологија, Тјоурнал.ру, мисли дека го знае одговорот.

Тие ја пронашле руската фирма Show Robots, која произведува костими „Робот Алиоша“ кои се слични на оној прикажан на божиќниот форум.

На својот сајт, компанијата се гордее со дизајн и техничка изработка на костими кои создаваат скоро совршена илузија како вистински робот да стои пред вас, додавајќи дека костимите можат да се изнајмат или купат за 250.000 рубљи (3.765 долари) по парче.

Компанијата додава дека организаторите на форумот не се однесувале кон Борис како кон реален робот, објаснувајќи дека човекот со костим бил дел од дискусијата за роботи на идното работно место.

Изворно наречен Идните интелектуални лидери на Русија, форумот е годишен настан кој го поддржува Министерството за образование.

Фотографијата која ја објавил Јарослављ на Твитер покажува дека Борис се фотографира со насмеани млади Руси. Фотографијата е направена одзади и покажува човеков врат кој јасно се гледа под главата на „роботот“.

Руската новинска агенција Медуза објавила дека Русија-24 ја повлекла снимката од својот канал кога Борис бил разоткриен како лажен робот.

Меѓутоа, видото се уште е достапно на Русија-24 од 12 декември.

Loading...

Тјорунал напоменува дека во својата еимисија, Русија-24 во ниту еден момент не навела дека тоа е само технички трик, претставувајќи го како автентичен, за разлика од организаторот.

https://www.instagram.com/p/Bo_RIN_F9XG/

Leave a Reply