Човечкиот вид е предодреден за исчезнување, покажа истражување во Канада

Сподели со своите пријатели

Истражувачи во Канада пронашле докази од фосилизирани бактерии кои можеле да создадат живот на Земјата 700 милиони години порано од што луѓето мислеле.

– Тоа сугерира дека првиот чекор кон создавање живот е релативно лесен, рекол др. Робин Хансон од Институтот за иднината на човештвото.

Ако тоа е вистина, постои едно вознемирувачко прашање кое сите ги мачи.

– Зошто кога погледнеме во небото, се изгледа мртво и празно, прашува др. Хансон.

Фактот дека не гледаме други цивилизации кога е погледнеме во небото всушност е мистерија. Тоа моеж да значи дека  изумирањето на човечкиот вид е неизбежно и тоа се нарекува Ферми парадокс.

https://www.facebook.com/ajplusenglish/videos/1194095680731937/

Loading...

– Постојат од 10 до 24 планети во нашиот универзум. Секоја од нив можела да создаде живот и ширење на цивлизацијата. Во тој слуај, кога ќе погледнеме во ебото, би изгледало поинаку од мртва галаксија, истакнал докторот.

Врз основа на сегашните проценки, кога само 0,1 посто од планетите слични на Земјата би создале живот, би постоеле околу милион вонземски цивлизиации во нашата галаксија.

Се поставува прашањето каде се сите тие вонземјани?

– Тоа е збунувачко и застрашувачко. Кога се е мртво, дури и ако ништо живо и не постоело, значи дека нешто убива, рекол Хансон.

Овој концепт се нарекува Голем филтер и може да биде во потеклото на животот или може да дојде подоцна во воведувањето на видот со модерни клетки кои ги имаме со други специјализирани клетки.

Робин Хансон истакнува дека кога е во прашање човечката цивилизација, постојат два можни исходи.

Првото сценариот е Големиот филтер да лежи зад нас: животот веќе пронашол начин да ги совлада пречките кои му се  наоѓаат на патот на човечката егзистенција.

– Ако се наоѓа зад нас, тогаш пред нас е светла иднина. Ние можеме, ако сакаме, да се прошириме и да станеме видливи во вселената, рекол тој.

Во второто сценарио филтерот се уште е пред нас. Тоа значи дека некои идни настани го блокираат нашиот развој, како што ги блокира и бројните вонземски цивилизации пред нас.

– Тоа се многу лоши вести и би требало да бидеме загрижени, рекол Хансон.

 

 

Постојат многу форми во кои Големиот филтер би можел да дојде, а ова се само некои од нив.

Најочигледен начин е да умреме, нешто да не убие, да се убиеме едни други. Поради тоа откривањето на животот, кој е стар колку и самата земја, е всушност лоша вест.

Меѓутоа, Хансон истакнува дека е тешко да се убие целото човештво.

– Поголемиот дел од големите катастрови зад себе оставаат нешто, кое повторно расте и создава цивлизација. Дури и нуклеарното оружје не може да го уништи животот и да спречи цивлизацијата повторно да се воспостави, вели тој.

Природниот поредок на универзимот е да умре самиот, во студен и целосен мрак. Во меѓувреме имаме можност да ја истражуваме галаксијата, но само ако успееме да преживееме доволно долго.

Leave a Reply