ЧОКО-ЛОКО: Американците направија чоколада која се шмрка

Сподели со своите пријатели

На американскиот пазар е лансиран нов производ „Чоко Локо“ кој всушност е чоколаден прав што ја активира енергијата поинтензивно од енергетските пијалоци за половина час.

Loading...

Содржи мешавина од какао во прав, гинко билоба, таурин и гуарана, а како што наведува „Њујорк пост“, кога се шмрка, корисникот чувствува брз прилив на енергија, подигајќи го нивото на ендорфини во организмот, наводно без последици.

Употребата на овој прав е легална затоа што не содржи никакви дрога или недозволени супстанции.

Лекарите предупредуваат дека тауринот и гуараната го зголемуваат крвниот притисок и предизвикуваат зголемен отчукувања на срцето и посочуваат дека кога овие состојки се земаат директно преку носот, последиците можат да бидат значајни.

– Прво, не е јасно колку од секоја состојка се апсорбира преку носната мембрана. Второ, кога чоколадото се меша со вашата слуз од носот, тоа може да ги блокира синусите – рече д-р Ендру Лејн.

Цената на една кутија од овој прав во Америка е 24,99 долари.

Leave a Reply