Членовите на “The strongest & Roots Bjj Куманово” се вратија дома со 10 освоени медали (фото)

Сподели со своите пријатели

За време на викендот, во Охрид се одржа турнир во бразилско џиу-џицу во организација на The Strongest & Roots BJJ Ohrid, во соработка со Македонската федерација за бразилско џиу-џицу.

Loading...

12341515_930339317013258_6257368000940556284_n

На овој турнир учествуваа само The Strongest & Roots BJJ клубовите. Клубот The Strongest & Roots BJJ Куманово учествуваше со петмина претставници и освои 10 медали.

Мартин Стефановски освои бронза во елитната категорија со кимоно, бронза во апсолутната категорија и сребро во елитната категоријата без кимоно.

12376442_930342993679557_616863575507124398_n

Никола Петрушевски освои бронза во категорија – 88кг бели појаси во кимоно, бронза во апсолутната категорија и сребро во категорија – 88кг бели појаси без кимоно, Дејан Петрински освои сребро во категорија – 82кг бели појаси со кимоно и бронза во категоријата – 82кг бели појаси без кимоно, Филип Стефановски освои бронза во категоријата – 64кг бели појаси со кимоно, додека Андреј Стојановски освои бронза во категоријата – 64кг бели појаси без кимоно.

Турнирот беше одлично организиран од страна на претставниците од The Strongest & Roots BJJ Ohrid, Благоја Трајчевски и Дејан Чолески и како најдобар клуб на турнирот беше прогласен The Strongest & Roots BJJ од Скопје предводен од Ивица Алексовски.