Членови на СДММ Куманово го посетија Центарот за лица со попреченост

Сподели со своите пријатели

По повод 3 Декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост, младите од ЛК на СДММ Куманово го посетија Дневниот центар за лица со посебни потреби што се наоѓа под надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Дневниот центар е организициона единица при постоечкиот ЦСР наменет за згрижување на деца со умерена и тешка интелектуална попреченост.

Дневниот центар е насочен и кон соработка со локалната заедница во подигнување на свестта во однос на хендикепот и во воспоставување и јакнење на мрежата за помош на овие лица.

 

Loading...

 

При посетата, младите од СДММ Куманово преку дружба со штитениците од овој дневен центар и персоналот вработен во него се запознаа со активностите и начинот на работа на дневниот центар. Сите ние луѓе сме различни еден од друг, но разликите не треба да ги користиме за дискриминации и отфрлувања, напротив, разликите треба да ги искористиме за инклузија на сите и во изградба на едно подобро и поуспешно општество, каде сите ќе имаме еднакви шанси за остварување на своите права.

Интегрално соопштение на ЛК на СДММ Куманово

Leave a Reply