„Чистота и зеленило“ продолжува со раззеленувањето на Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ продолжува со акцијата за пролетно раззеленување на Куманово, информираше директорката Цветанка Ивановска.

Loading...

Како што рече таа засадени се околу 10 украсни грмушки на градскиот кеј, 30 листопадни и 20 зимзелени садници, а околу 120 садници се поставени и долж улицата „11 Октомври“.

 

 

– Во соработка со месните заедници и по урбаните средини имаме засадено садници, имавме заедничка акција во Агино село, со црквите и со џамиите во градот имаме соработка со нив имавме една акција и таму садевме, изјави Ивановска.

Како што потенцираше Ивановска, се настојува да се задат украсни грмушки кои ќе можат да го апсорбираат чадот и издувните гасови, а типот на дрвја се прилагодува според местоположбата која се пошумува.

 

Loading...

 

На обвинувањата на опозицијата дека се засадени помалку садници од она што се тврди, Ивановска вели дека тоа се сади се што ќе се изнесе од расадникот, а оние растенија што нема да се прифатат или ќе бидат оштетени се заменуваат со нови.

Ивановска информираше и дека во изминатиот период се исчистени неколку диви депонии во градот.

Никола Ивановски

Leave a Reply