Дали би го направиле ова поради убавината или социјалниот статус? Издолжен врат, чинии во уста, пеглани гради и острење на забите се само дел од некои брутални обичаи, а одредени постојат и ден денес.
Чинија во уста
Овој обичај се практикувал во Африка, Јужна Америка и некои делови од Европа, а племето Мурси од Етиоплија и ден денес. Жените пред брак, на околу 13годишна возраст ги дупчат устата а потоа полека ги шират секој пат вметнувајќи се поголема глинена плоча со кружна форма.
Врзување на прстите на стопалата
Loading...
Веќе скоро илјадници години, девојчињата во Кина ги врзуваат со завои своите стопала за да бидат што помали и за да го спречат растењето. Колку некои жени имаат помали стопала толку се попривлечни и тие го одржуваат нејзиниот социјален статус. Во 20 век овој обичај бил забранет, но се уште постојат жени кои го практикуваат, кои патат од инвалидитет поради овој стар обичај.
Носни импланти
Жените од племето Апатани од Индија сметаат дека се привлечни во своето племе со овие носни импланти и дека тоа ги штити од припадниците на други племиња кои се непожелни.
Истегнување на вратот
Истегнувањето на вратот започнува петатта година кај секое женско дете и овој обичај е популарен кај северните тајландски племиња. Процесот на нижење на обрачите на крајот заврши дури со 25 алки околу вратот. Причините за ваквата традиција варираат. Од оние дека жените со истегувањето се попривлечни, а други дека тогаш личат на аждаи, митски суштества кои се важни во Кајан културата.
Пеглање на градите
ВО рамките на бруталната процедура девојчињата ги удираат по градите со врели камења, чекан или шпакла, а целта на оваа сурова пракса е да се спречи растот на градите и девојчињата да ги направат помалку пожелни, а со самото тоа да спречат да забремени пред бракот. Обичјаот потекнува од Камерун, каде секоја четврта девојка е жртва, а истиот се практикува и во Нигерија, Бенин и Чад.
Loading...
Стеснување на половината со корсети
Во викторијанската ера жените морале да имаат што потенка половина, а што позаносни колкови. За да изгледаат како песочен часовник, припадниците на поубавиот пол носеле доста тесни корсети кои болно ги стегале, деформирале ребрата, со што си го загрозувале животот, спречувајќи нормален проток на воздухот во белите дробови.
Остри и шилести заби
Различните култури и племиња поседуваат традиција на острење на забите. Ментаваи, кои живеат во Индонезија веруваат дека со вакви заби се постигнува стандард на убавина.
Истегнување на черепот
Деформирани и истегнати черепи се ископани во Ирак, Перу и Египет.. Научниците откриле дека кај бебињата, додека черепот се уште не бил формиран, ги врзувале чврсто завоите за да бидат шилеси. А, што е деформацијата поголема тоа им давало поголем ранг на социјалната скала.