Чиле ја скратува работната недела на 40 часа

Сподели со своите пријатели

Чилеанскиот парламент усвои закон со кој во следните пет години постепено се намалува работната недела од 45 на 40 часа.

Loading...

За една година работната недела ќе се намали на 44 часа, потоа на 42 часа во третата година од спроведувањето и на крајот на 40 часа по пет години, без намалување на платите.

Чиле на тој начин му се придружува на Еквадор, единствената земја во Латинска Америка каде работната недела е 40 часа.

Во Аргентина, Боливија, Колумбија, Костарика, Мексико, Никарагва, Панама, Парагвај и Перу има 48-часовна работна недела. Во Бразил работната недела е 44 часа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стотици илјади луѓе протестираа во Аргентина

Според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Латинска Америка е еден од регионите во светот со најдолги работни часови и највисока стапка на „неформална економија“.

Во Чиле, 27,3 отсто од работната сила работи во „неформалниот сектор“, односно непријавени и затоа не подлежат на данок.