Чие богатство прво ќе надмине илјада милијарди долари?

Сподели со своите пријатели

Сопственикот на компанијата „Амазон“, Џеф Безос, би можел да стане првиот билионер во светот, односно човек, чие богатство надминува илјада милијарди долари.

Loading...

Компанијата „Компарисан“, која се занимава со истражување на пазарот и изработка на софтверски и математички модели во економијата, направи истражување за тоа кој би можел да биде првиот милијардер во светот.

Светот има помалку милијардери годинава, но Безос и натаму е на врвот

Според нивната проценка, волшебната граница од илјада милијарди долари богатство ќе ја премине Џеф Безос во 2026 година. Тој во моментов е најбогат човек во светот, иако изгубил дури 38 милијарди долари од разводот, а неговото сегашно богатство се проценува на скоро 144 милијарди долари.

Според пресметките на оваа компанија, ќе му бидат потребни помалку од шест години да стане милијардер, затоа што во последните пет години, неговото богатство расте со стапка од 34 проценти годишно.

Безос ќе има 62 години во 2026 година, кога ќе стане милијардер според оваа пресметка.

НЕЕДНАКВОСТА ВО СВЕТОТ: 162 милијардери имаат пари како половина човештво

Покрај Безос, неколку кинески бизнисмени ја водат трката за титула билионер.

Loading...

Првиот меѓу нив кој би можел да стигне до титулата билионер е Ксу Џиан, претседател на градежната компанија „Евергранде“. Тој во моментов е „тежок“30,2 милијарди долари, а би можел да влезе во клубот на билионерит ево 2027 година, кога ќе има 68 години.

Трет на оваа листа е Џек Ма, кинески тајкун кој ја предводи „Алибаба“. Неговото богатство се проценува на 40,6 милијарди долари, а тој би можел да стигне до титулата милијардер во 2030 година, кога ќе наполни 65 години.

Следат и Кинезите, Ма Хуатенг, првиот човек на технолошката компанија „Тенсент“, највредната азиска компанија. Неговото богатство може да надмине илјада милијарди долари во 2033 година, кога ќе има 61 година.

Милијардери без факултет: Како да станете успешни без диплома?

По Кинезите, еден Индиец, Мукеш Амбани, има најдобри шанси да стане билионер, чие сегашно богатство се проценува на 53 милијарди долари.

Тој е најголем акционер на „Rilaliance Industries“, највредната индиска компанија, конгломерат што се занимава со петрохемија, природни ресурси, енергија, текстил, малопродажба… Индискиот бизнисмен може да влезе во листата на билионери во 2033 година.

На шестото место е Бернар Арно, Французин кој го предводи „Луј Витон“. Тој во моментов има богатство во вредност од 92,2 милијарди долари, а може да се најде на списокот на најбогатите во 2033 година.

Дури на седмото место е Марк Цукерберг, основачот на „Фејсбук“, но тој е и најмладиот во друштво на најбогатите луѓе. Според проценките на Компанизан, Цукерберг, кој моментно има 76,4 милијарди долари, би можел да надмине 1 трилион американски долари во 2036 година, кога ќе наполни 51 година.

Loading...

На „Островот на милијардерите“ живеат 42 луѓе, а оваа вила е на продажба (ФОТО)

Студијата им дава шанса на уште четири сегашни богати луѓе да станат билионери.

Овие се Стив Балмер, поранешен извршен директор на Мајкрософт и сопственик на НБА тимот Лос Анџелес Клиперс. Балмер, кој има 51,9 милијарди долари, би можел да влезе во клубот на милијардери во 2040 година, кога ќе има 85 години.

Исто така, во игра е Мајкл Дел, основачот на технолошка компанија именувана по него, чие богатство е 30 милијарди. Тој би можел да стане милијардер во 2043 година, кога ќе има 78 години.

Овие милијардери започнаа жестока битка за престиж и само еден може да биде победник

Таму е и ко-основачот на Гугл, Лери Пејџ, кој е „тежок“ со 67 милијарди долари. Се проценува дека тој би можел да стане милијардер во 2051 година на 77-годишна возраст.

Неговиот врсник и исто така ко-основач на Гугл, Сергеј Брин, може да се приклучи на клубот на милијардери кога Пејџ. Неговото сегашно богатство е околу 48,5 милијарди долари.

Leave a Reply