Четворица повредени во две различни сообраќајни незгоди

Сподели со своите пријатели

Четири лица изминатото деноноќие се здобија со телесни повреди како резултат на две различни сообраќајни несреќи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во 15,25 часот на магистралниот пат Штип-Делчево во близина на „Кучичинска крстосница“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило марка „Форд Фиеста“со делчевски регистерски таблици управувано од А.Н. (33) од Делчево и велосипедист М. Ј. (65) од с.Чешиново.

Во незгодата со тешки телесни повреди (скршеници на черепот, скршеници на две ребра и скршеница на лева потколеница) се здобил велосипедистот и истиот бил пренесен во Медицинскиот Центар-Штип, но поради сериозноста на повредите истиот бил препратен во Ургентниот Центар-Скопје на Клиниката за неврохирургија и се наоѓа во животна опасност.

За време на вршење на увидот сообраќајот за патничките моторни возила бил пренасочуван додека за товарните моторни возила сообраќајот бил во целосен прекин.

Околу 17,30 часот на магистралниот пат село Удово – Демир Капија поточно на место викано “Аразлиска река“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило„Фиат Добло Карго“ со скопски регистерски таблици управувано од Ж.П.(33) од Скопје, ПМВ„Фолксваген Голф“ со велешки регистерски таблици, управувано од Ј.Д. (46) од Валандово, товарно моторно возило – Влекач„Волво“со полуприколка „Шмиц“ со словачки национални ознаки, управувано од И.М. (54) од Република Словачка и патничко моторно возило марка „Фиат Пунто“ со српски национални ознаки, управувано од Б.Ј. (58) од Република Србија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот товарно моторно возило„Фиат Добло Карго“ Ж.П на кој му била укажана лекарска помош во МЦ-Гевгелија, а со телесни повреди се здобиле сопатникот од истото возило Е.Ш. (28) од Скопје и возачот на патничкото моторно возило„Фолксваген Голф“Ј.Д.

Увид извршила увидна екипа од ПСОН-Валандово. Во времето од 17.45 до 21.30 часот сообраќајот бил во прекин во двата правци.