Четири причини за уживање во тишината

Сподели со своите пријатели

1. Тишината ги регенерира клетките на мозокот

Според едно истражување направено на глувци, 2-часовна тишина помага да се формираат нови клетки во хипокампусот – дел од мозокот кој е одговорен за учење на нови вештини, за сеќавањата и емоциите.

Loading...

2. Тишината нè прави креативни

Нашиот мозок е активен дури и тогаш кога одмораме. За тоа време, мозокот ги анализира сите информации кои претходно ги примил, па добро е тој период да го поминете во тишина.

Што ќе ви се случи доколку поминете 2 часа во тишина?

3. Тишината нè ослободува од стресот и тензијата

Докажано е дека бучавата влијае на нашиот мозок така што се зголемува нивото на стрес. Тишината има спротивен ефект, нè ослободува од стресот и нервозата.

4. Тишината ни помага максимално да ги искористиме менталните способности

Бучавата ни пречи во решавањето на проблеми како при учењето, така и при работењето. Според одредени истражувања, дури и влијае на нашите мотивација, внимание и бројот на грешки кои ги правиме.