Четири прекршувања на полицискиот час во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четири лица во текот на ноќта го прекршиле полицискиот час, додека 84 биле казнети поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (10.05/11.05.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 116 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од издадените прекршочни налози се во Куманово 84, во Крива Паланка 19 и во Кратово 13.

За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

За истиот период 4 (четири) лица не ја почитувале забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply