Четири пожари вчера во кумановско

Сподели со своите пријатели

Три интервенции во текот на вчерашниот ден бележат кумановските пожарникари, е една нивните колеги од општина Старо Нагоричане.

Во период од 12:00 до 14:00 часот тројца пожарникари гаснеле сува трева во атарот на селото Клечовце.

Втората интервенција била во близина на Железничката станица, каде во период од 15:05 до 15:25 часот тројца пожарникари.

Пожар имало и во близина на средното земјоделско училиште „Киро Бурназ“ во населбата Долно Којнаре, каде било запалено стрниште.

Во селото Никуљане, пожарникарите на ТППЕ Старо Нагоричане интервенирале на запалена сува трева, стрниште, лојзе и ниско стеблеста шума. Пожарот го изгаснале за два часа, односно во период од 15:40 до 17:30 часот.

Leave a Reply