Четири полициски службеници и двајца контролори од Крива Паланка добија кривични пријави

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе голем број кривични пријави против неколку лица вработени во Полициската станица во Крива Паланка, како и лица вработени во Центарот за возила – Крива Паланка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Кривични пријави се поднесени против: Ј.Ј. (48), полициски службеник во полициската станица во Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, Д.М. (36), водич на безбедносен реон во полициската станица во Крива Паланка, за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“,  Д.С. (38), полициски службеник во ПС Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поттикнување“ во врска со горенаведените кривични дела и „употреба на исправа со невистинита содржина“, како и З.Ц. (63) и Г.Н. (48), двајцата контролори во Станица за технички преглед „Центар за возила“- Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и И.С. (34), полициски службеник во ПС Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поттикнување“ во врска со горенаведените кривични дела.

Имено на 4-ти овој месец, Ј.Ј. дозволил возило марка „Фолксваген голф“, управувано од Д.С, да го напушти местото по случена сообраќајна незгода за да изврши продолжување на регистрацијата на возилото, која била истечена на 03.09.2013 година. По ова, Ј.Ј. во службените евиденции внел дека возилото е регистрирано и не му изготвил платен налог за наплата на глоба од законот за возила, додека Д.М. пропуштил должен надзор и контрола на работата над Ј.Ј. иако и тој бил присутен на местото на настано, велат од Министерството за внатрешни работи.

Истиот ден лицата З.Ц. и Г.Н. , на барање на И.С., не извршиле технички преглед за утврдување на техничка исправност на патничкото возило „фолксваген голф“, сопственост на Д.С., односно само потврдиле дека возилото е технички исправно иако воопшто не било донесено во просториите за технички преглед. Потоа, И.С. барањето за продолжување на регистрација со невистинита содржина го доставил кај референтот за регистрација на возила, врз основа на што му била продолжена регистрацијата на возилото.

Сит еинволвирани во криминалните постапки заработија кривични пријави од страна на Секторот за внатрешни работи Куманово.