Четири лица приведени на Табановце

Сподели со своите пријатели

Четири лица во три одвоени случаи во текот на вчерашниот ден биле приведени на Граничниот премин Табановце, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Околу 04.10 часот од слобода бил лишен Ж.Б.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Во 09.00 бил приведен А.Ш.(35) од с.Мала Речица, тетовско, поради тоа што бил предмет на потрага за издржување казна затвор за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот’’.

Во 07.05 часот од слобода биле лишени M.Л.(28) и Х.Н.(33), двајцата од Република Албанија, поради тоа што при пасошка контрола приложиле патни исправи за кои постои основи на сомнение дека се фалсификувани.

Сите приведени лица биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Leave a Reply