Четири грешки што можат да го направат чајот лош за вашето здравје, една е особено опасна!

Сподели со своите пријатели

Нема сомнение дека чајот е многу здрав пијалок. Всушност, постојат бројни здравствени придобивки од редовното пиење црн, па дури и зелен, но и многу други видови на чај. Се чини дека една чаша чај може да направи чуда за вашето тело. Сепак, иако пиењето чај е здраво само по себе, ако не обрнете внимание на тоа што ќе му додадете, тој може многу лесно да стане нездрав.

Loading...

 

 

1. Додавате премногу шеќер

Без разлика дали станува збор за лажичка шеќер или додаток во омилениот мед, шеќерот е шеќер. Додавањето малку шеќер во чајот на краток рок нема да ви наштети. Меѓутоа, ако додадете премногу слатки адитиви, чајот може брзо да стане нездрав. Најдобар начин да уживате во чајот е да пиете обичен чај без никакви додатоци.

2. Претерувате со вештачки засладувачи

Што е со вештачките засладувачи? Ако сè уште копнеете по нешто слатко во чајот, но не сакате да додавате дополнителни калории, се чини дека добра опција е да користите алтернативни засладувачи кои не содржат калории. Но, дали е безбедно? Иако вештачките засладувачи биле внимателно проучувани со текот на годините, истражувачите сè уште не биле во можност да ја утврдат врската помеѓу вештачките засладувачи и кој било вид на ризик по здравјето. Затоа ФДА препорачува да продолжите да ја ограничувате количината на такви засладувачи.

Loading...

 

 

3. Додаватее млеко

Иако додавањето малку млеко во чајот не мора да биде лоша навика, добро е да бидете свесни за дополнителните калории што ги конзумирате на тој начин.

4. Премногу долго го држите чајот во вода

Чаевите содржат и одредена доза на кофеин. Просечната количина на кофеин што ја внесувате пиејќи чај се движи од 20 до 40 милиграми (во споредба со шолја кафе што содржи околу 100 милиграми). Меѓутоа, ако не внимавате колку долго го чувате чајот во течност пред да го пиете, количината на кофеин може да се зголеми. Имено, колку подолго го држите, толку потемно ќе станува, ќе има горчлив вкус и количината на кофеин што ја содржи ќе се зголеми, пишува Eat This, Not That.

 

Loading...

Leave a Reply