Боби Мојсовски, 22 – годишно момче од Охрид, забележа беспрекорен настап на второто издание на популарното шоу ”Икс фактор”, настапувајќи со песната на Бон Џови ”Bed of roses”.
Loading...
Уште долго ќе се задржи ова момче во Белград, искоментираа членовите на жирито, упатувајќи најдобри критики за неговиот перформанс.
Боби на македонската јавност и` е познат по настапи на бројни музички натпреварувања и фестивали како Скопски, Охридски, Макфест, Еурофест, Славјански Базар и многу други.
https://www.youtube.com/watch?t=20&v=ItMtfdVFyo8