Четири европски земји останаа без струја

Сподели со своите пријатели

Проблеми со снабдувањето со електрична енергија на потрошувачите денеска имаше и електроенергетскиот систем на нордиските земји.

Loading...

Пријавени се проблеми во Шведска, Финска, Норвешка и во источните делови на Данска, пренесува Ројтерс.

Два шведски нуклеарни реактори, Форсмарк 1 и 2, се затворени и ќе бидат повторно во функција до крајот на денот, објави шведската енергетска компанија Ватенфал.

Финскиот национален оператор за пренос на електрична енергија Фингрид соопшти дека ситуацијата е стабилизирана.

Шведската компанија „Свенска крафтнет“ објави дека за време на работи за одржување на електричната мрежа во близина на Стокхолм, ненамерно биле исклучени два трансформатори, што довело до краток спој.

Поради ваквата состојба привремено беа исклучени нуклеарните реактори Форсмарк 1 и 2 со вкупна моќност од 2,1 гигавати, додава Свенска крафтнет.