Четири дена по несреќата мајка и ќерка пронајдени живи под калта

Сподели со своите пријатели

Четири дена откако се случи катастрофалната поплава во скопскиот регион, спасителите откриле мајка и четиригодишна ќерка кои биле затрупани во калта.

Истите се живи и нема опасност по нивните животи. Веднаш биле сместени на скопските клиники, а од преживеаниот шок во моментот не можат да зборуваат, па комуникацијата е отежната, пренесуваат националните медиуми.

Се пертпоставува дека се од Република Албанија, па затоа до сега не биле барани, ниту пак водени како исчезнати, затоа што никој и не ги пријавил.

Инаку поплавите однесоа 22 животи, а околу 11 лица беа повредени, нема друга бројка за исчезнати, ниту пак колкава е материјалната штета која ја предизвика невремето, со оглед дека службите се уште вршат теренски проценки.

Евакуирани се околу 1.000 луѓе, а страдани околу пет илјади семејства. Три лица починаа од срцев удар не можејќи да ја поднесат загубата што невремето им ја предизвика.

 

Loading...