Четири децении се криеле во џунглата не знаејќи дека војната завршила (видео)

Сподели со своите пријатели

Преживувајќи страшно бомбардирање во кое загинало целото село, Виетнамците Хо Ван Тан и Хо Ван Ланг се криеле во џунгла  повеќе од 40 години убедени дека војната и натаму трае и дека е опасно да се приближуваат до населените места.

Таткото и синот биле пронајдени во 2013 година, а изминатите четири децении од животот ги минале во мала куќа зафрлена во округот Тај Тра во областа Кванг Нгај.

Таткото Хо Ван Тан служел во северновиетнамската војска, а во 1972 година американското воздухопловство го бомбардирало неговото село, убивајќи ја неговата жена и двете деца. Тогаш одлучил да избеда со единственото преостанато дете во шума и никој не ги видел цели 41 година.

Во текот на сите тие години го избегнуввале контактот со луѓето и живееле во мала колиба, правејќи потребни орудија, собирајќи храна, но и ловејќи низ џунглата.

Конечно, по повеќе од четири децении, ги забележал еден собирач и пријавил кај властите. Пронајден е нивен далечен роднина кој ги убедувал да се вратат во цивилизација и им објаснувал дека војната е готова.

Во почеток не сакале да се вратат, убедени дека војната се уште трае, но таткото (85) морал на лекар, што ги приморало да ја напуштат шумата.

Јаделе овошје, зеленчук, мед и приготвувале месо, вкулувајќи слепи глувци, птици, жаби, гуштери, мајмуни, змии и риба.

Следните три години ги минале во селото, навикнувајќи се на цивилизацијата. Дури неодамна за нив се прочуло надвор од Виетнам, а Алавао Керезо, директор на туристичка компанија од Хонг Конг, го убедил синот да ја одведе екипата и да им покаже каде живееле.