Честитка од градоначалникот Димитриевски по повод „11 Октомври“

Сподели со своите пријатели

Наша обврска е да го чуваме она за што нашите предци го дадоа својот живот, вели градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски во честитката по повод Денот на народното востание „11 Октомври“ упатена до граѓаните.

– На овој ден им оддаваме почит на борците кои ги положија своите животи во народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија, на сите херои кои беспоштедно ги дадоа своите животи за остварување на една цел – слободата. „11 Октомври, Денот на народното востание е празник на нашата држава и нација. Наша обврска е да го чуваме она за што нашите предци го дадоа својот живот и да продолжиме да го даваме својот придонес во нашите заеднички заложби за зачувување на основните вредности на кои е втемелено нашето општество – соживот, меѓусебно разбирање и почитување. Нека ни е честит и вековит празникот „11 Октомври“, стои во честитката на Димитриевски.

Leave a Reply