Чешка собра 1,2 милиони евра за да ѝ купи на Украина модерен тенк

Сподели со своите пријатели

Преку приватна кампања, Чесите собраа средства за да ѝ купат на Украина модерен борбен тенк Т-72, ​​објавија организаторите на иницијативата.

Loading...

За еден месец, кампањата за групно финансирање собра 30 милиони круни (1,2 милиони евра), објавија организаторите во понеделникот.

На иницијативата наречена „Подарок за Путин“, која беше поддржана од чешкото Министерство за одбрана и Украинската амбасада во Прага, се приклучија 11.000 луѓе.

Организаторите ќе го именуваат набавениот тенк Томаш по првиот претседател на Чехословачка Томаш Масарик, пренесува dpa.

Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова им се заблагодари на сите донатори и иронично додаде дека тие се погрижиле рускиот претседател Владимир Путин да добие „соодветен подарок“ за неговиот 70-ти роденден на 7 октомври.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

Таа го нарече рускиот лидер „агент на КГБ, убиец и крадец“.

Следниот чекор на чешките граѓани е собирање пари за муниција за тенкот.

Од почетокот на рускиот напад, украинската амбасада во Чешка примила повеќе од 8,6 милиони евра донации.

Loading...

Чешкото Министерство за одбрана испрати во Украина оружје во вредност од 160 милиони евра.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.