Чешка фирма ќе стопанисува со јавното осветлување во Куманово

Сподели со своите пријатели

Чешката компанија „ИЦС Системи“ ќе стопанисува со јавното осветлување во Куманово, откако денеска Советот на Општината донесе одлука за потпишување договор за јавно-приватно партнерство.

Loading...

Компанијата, со претставништво во Охрид, во следните години ќе биде задолжена да вложи 4,7 милиони евра во поставување на ново осветлување и подобрување на мрежата на јавните прометни поршрини со штедливи лед светилки и модерен систем за управување.

Две фирми се јавиле на повикот на општината, едната понудила само 5 отсто поврат на заработката кон локалната самоуправа, додека компанијата „ИЦС системи“ на годишни ниво во Буџетот на Општина Куманово ќе инкасира 20 отсто од собраните средства од комуналната такса за јавно осветлување кое граѓаните ја плаќаат заедно со сметката за електрична енергија.

Како што рече градоначалникот Максим Димитриевски вели дека е срамота граѓаните секојдневно да се жалат за неквалитетното осветлување за кое соодветно плаќаат.

– Втора година како градоначалник се соочувам со илјадници барања од граѓаните во делот на неквалитетено улично осветлување, разбирам дека немаме финансиски капацитет за булевар, канализација на место каде ја нема, немаме капацитет за сериозна атмосферска инфраструктура, но да дојде граѓанин и да се жали за уличо осветлување, а општината да не го среди тоа, а од друга страна средствата се трошат. Колку пари трошат на годишно ниво за јавна такса, кога ќе распоредите за платена електрична енергија и инвестиции кои недостасуваат бидејќи не ја шириме мрежата за осветлување, за замена и одржување, доаѓате до слична бројка на трошоци, вели градоначалникот.

фото: архива

Согласно договорот кој допрва ќе се потпише, партнерството ќе трае 10 години. Чешката компанија ќе инвестира во опрема и адаптација на постоечката на почетокот на работењето, а веќе по седмата година од договорот ќе мора целосно да ја промени опремата и да даде гаранција од дополнителни 7 години дека истата ќе функционира.

Loading...

Доколку некој не се придржува до договорот, како што рече Димитриевски, истиот ќе биде раскинат спогодбено, а општината преку комуналните служби постојано на терен ќе ја контролира работата на партнерот.

Досега одржувањето на осветлувањето во градот го вршеше Јавното претпријатие „Куманово паркинг“ кое сега ќе остане без ваквите ингеренции. Што ќе се прави со старата опрема која ќе биде отстранета се уште не е одлучено, па градоначалникот ги повика сите кои имаат идеи и предлози да ги достават.

Опозицијата реагираше за да не дојде до состојба да работи со загуба, ЈП „Куманово паркинг“ дел од вработените кои работеле на одржување на јавното осветлување да преминат кај приватниот партнер. Но, градоначалникот уверуваше дека со создавање повеќе паркинг места ќе се стави фокус на примарната дејност на претпријатието и нема да има загуби.

По првото електронско гласање 16 од советниците беа „за“, двајца „против“, а шестмина „воздржани“, опозицијата побара поединечно изјаснување и ја напушти салата на Советот. По нивното напуштање 18 членови на Советот се изјаснија „за“ со што едногласно беше донесена одлуката општина Куманово да премине кон потпишување на договорот со фирмата од Република Чешка.

Leave a Reply