Чесен келнер вратил 32 илјади долари, а одбил и да биде награден (видео)

Сподели со своите пријатели

Келнер во ресторанот “Аплби” во калифорнискиот град Фресна одлучил да ја врати вреќата во која имало 32 илјади долари, пари кои одредено семејство ги оставило на маса, заборавајќи да ги земе со себе, јавуваат американските медиуми.

Случајот бил објавен во среда, кога на маса после заминување на гостите, келнерот нашол платнена вреќа, по што одлучил да го информира сопственикот, а подоцна и полицијата.

Семејството кое ги заборавило парите случајот го пријавиле во полиција, а парите им биле вратени откако било утврдено дека се стекнати на легален начин.

Аплби е американски ланец на ресторани, а чесниот келнер таму работи во последните десет години.

Тој сакал да остане анонимен и ја одбил наградата што му ја понудиле од семејството.

Пронајдените пари биле во износ на една негова годишна плата, а за да биде уште почудно, целиот чин на заборавање на парите не бил снимен од безбедносните камери, што не било пречка за чесниот пронаоѓач да ги врати парите назад.

 

Loading...