Чекорејќи со потпетици по жица до рекорд за Гинис (видео)

Сподели со своите пријатели

Во жив телевизиски настап талентираната руска умтеничка Оксана Саша Сероштан постави нов светски рекод во најдолго пешачење преку жица и тоа на високи потептици.

Елегантната Русинка пристигна на првото место во Гинисовата книга на рекорди откако преминала 15 метри на жица во штикли чии потпетици се високи дури 12 сантиметри.

Саша настапувала во живо на позната италијанска емисија „Гинисовите светски рекорди“. Таа го дуплирала претходниот рекорд, растојание од 7,5 метри, кој го поставила Челза Мекгафин од Австралија.

Храбрата Оксана одржува рамнотежа само со помош на лепеза. првин ја премина жицата долга 7,5 метри, а потоа се сврте и се врати на почетокот. Тоа е свртување од кое на сите им застана здивот.