Чавушоглу: Турција поддржува политичко решение за сириската криза

Сподели со своите пријатели

Турција отсекогаш поддржувала политичко решение на сирискиот конфликт, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Loading...

„Режимот (сирискиот) не верува во политичко решение, тој верува во воено решение. Трајното решение е политичкото. Тоа го кажуваме од самиот почеток“, рече Чавушоглу во Анкара на прес-конференцијата со неговиот латвиски колега Едгарс Ринкевич одржана во Анкара, пренесува Бета.

Како што пренесува Anadolu Agency, тој истакна дека Турција верува дека помирувањето е клучот за траен мир во Сирија, додавајќи дека Анкара силно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето