Чавушоглу: Путин размислува да се врати на преговорите со Украина под нови услови

Сподели со своите пријатели

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му рекол на турскиот лидер Таип Ердоган дека постои можност да се врати на преговорите со Киев, но под нови услови.

Loading...

Чавушоглу изјави дека Путин ова го кажал во разговорите со турскиот колега на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка, кој неодамна се одржа во Самарканд, пренесува РИА Новости.

„За време на преговорите со нашиот претседател, господинот Путин ја истакна можноста за враќање на преговорите со Киев, но под нови услови“, рече Чавушоглу на прес-конференција во Токио.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.