Чавушоглу: Еден број земји од НАТО не сакаат крај на војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека меѓу земјите на Западот и НАТО има и такви кои не сакаат да заврши конфликтот во Украина.

Loading...

Чавушоглу рече дека не сака да каже за кои земји станува збор, но дека тоа добро го знае генералниот секретар на ОН.

„Постојат земји на Запад кои сакаат војната да продолжи, вклучително и земјите-членки на НАТО. Јас не мислам само на САД, јас мислам на земјите членки на НАТО“, рече Чавушоглу во интервју за ТВ каналот Хабер Глобал. како што јави агенцијата ТАС С.

Според шефот на турската дипломатија, имало земји кои сакале да го саботираат договорот за извоз на жито од украинските пристаништа, но тоа не биле Соединетите Американски Држави.

„САД придонесоа за склучување на договорот за жито, вклучително и укинување на ограничувањата за извоз на руски ѓубрива, деблокирање на пристаништата и укинување на ограничувањата за банкарското работење“, рече Чавушоглу.

Како што рече, имало и европски земји кои сакале да го саботираат.

Не губиме надеж и продолжуваме со нашите напори“, изјави турскиот министер за надворешни работи.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...