Чавков: Постојат одредени сознанија за одмазда за акцијата во Куманово

Сподели со своите пријатели

Безбедносната состојба во Македонија е стабилна иако постојат одредени сознанија дека поединци или групи ќе посегнат кон одредени напади на поединци или на објекти во знак на одмазда за  акцијата на македонската полиција во Куманово, изјави за медиумите министерот за внатрешни работи Митко Чавков по министерскиот состанок на МАРРИ во Скопје, пренесува порталот Репортер. 

Loading...

„Овие сознанија иницираат на можности од асиметрични закани на поединци или групи, така што зголемувањето на нивото на безбедност во однос на подигањето на оперативно ниво е токму во тој правец на превенирање или одвраќање на  такви активности. Но, во исто време сме должни да посочиме на можноста од такви ризици“, додаде Чавков.

Чавков на маргините од состанокот  имаше кус разговор со Скендер Хисени, министерот за внатрешни работи на Косово, кое од денеска е член на иницијативата МАРРИ. Хисени во изјава за медиумите рече дека е задоволен што Косово станало дел од МАРРИ, но избегна да одговори на прашањата на новинарите за случувањата во Куманово.

Ова е прва посета на Хисени на земјава по полициската акција во кумановската Дива населба