Чавков и Савовски во работна посета на Куманово

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков и директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски денес ќе остварат работна посета на Куманово.

Loading...

Според најавите Чавков и Савовски во 13:30 часот во просториите на невладината организација „Мултикулти“ ќе остварат средба со претставници од месната заедница „Тоде Мендол“, како и со претставници на невладиниот сектор.

Целта на посетата, соопшти МВР, е да се направи согледување за моменталната состојба на подрачјето на засегнатата месна заедница и заеднички да се утврдат приоритетите за дејствување и зајакнување на комуникацијата помеѓу полицијата и граѓаните.