Часовник на Хитлер продаден на аукција за 1,1 милион долари

Сподели со своите пријатели

На аукција во американската сојузна држава Мериленд, часовникот на поранешниот нацистички лидер Адолф Хитлер е продаден за 1,1 милион долари.

Loading...

Аукциската куќа Alexander Historical Auctions од Чесапик Сити, Мериленд го процени часовникот на помеѓу два и четири милиони долари, објаснувајќи дека тоа е „реликвија од Втората светска војна со историски размери“.

Еврејските лидери се спротивставија на продажбата, велејќи дека часовникот има мала или никаква историска вредност, објави Бета, повикувајќи се на АП.

Евреин купувач од Европа

Претседателот на аукциската куќа Бил Панагопулос изјави дека купувачот е Евреин од Европа.

На часовникот има иницијали „A“ и „H“ и свастика.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СНИМКА КОЈА ГИ РАСПЛАКА СИТЕ: Се омажи во болница за да ја исполни последната желба на татко ѝ

Часовникот бил земен како воен плен од еден француски војник на 4 мај 1945 година, кога неговата единица влегла во колибата на Хитлер во Баварските Алпи во Германија.

Хитлер изврши самоубиство во Берлин на 30 април 1945 година.