Часови за чекање ред, секунди за поглед врз Мона Лиза

Сподели со своите пријатели

Посетителите на најголемиот француски музеј Лувр чекаат во редови за да ја видат најпознатата слика, портретот на Мона Лиза од Леонардо да Винчи, пишува американскиот „Њујорк тајмс“ и додава дека посетителите се жалат што во редовите чекаат многу долго, а дозволени им се само неколку минути да ја набљудуваат сликата.

Loading...

Освен тоа, посетителите се жалат дека чуварите веднаш ги туркаат да продолжат да одат понатаму, а сежала и дека сликата е многу мала (77х53цм) па лошо се гледа од далечината која е дозволена.

Мона Лиза моментално е изместена од своето стандардно место, затоа што таа сала се реновира и е сместена во монументалната сала Медичи, каде се и сликите на Рубенс.

Дали портретот на Мона Лиза крие уште еден детал? (фото)

Управата на Лувр им предлага на посетителите да закажат „средба со Мона Лиза“ затоа што само оние кои имаат резервација, од 30.000 кои доаѓаат само за да ја видат сликата, ќе можат сигурно да ја видат, но сепак неколку минути.

Посетителите тврдат дека во Лувр владее хаос и дека е лошо организиран.

Сепак ова е најпосетуваниот музеј во светот. Годишно го посетуваат 10,3 милиони луѓе, а 80 отсто доаѓаат само поради Мона Лиза.

Сликат аќе биде вратена на своето место во октомври, кога се отвора големат аизложба посветена на 500-годишнината од смртта на Леонардо да Винчи.

Loading...

Leave a Reply