„Чарли ме гризна“ оди на продажба: Највиралното видео на сите времиња се отстранува од платформата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Семејството одлучи да го отстрани виралниот клип од Youtube и да го продаде како NFT.

Loading...

Ако сте биле на Интернет последните 15 години, тогаш веројатно знаете за видео од две братчиња во кое помалиот го гризнува постариот – славното видео „Чарли ме гризна“.

Ова видео има повеќе од 880 милиони прегледи и иако живееме во „вирално време“, скоро и да нема човек на светот што не знае за судирот на овие браќа.

Сепак, можеби нема да можеме да го гледаме ова видео наскоро. Имено, семејството одлучи да го повлече видеото од платформата ЈуТјуб и да го продаде како „незаменлив токен“, односно (NFT).

 

 

Што е NFT?

Loading...

Nonfungible token или, во слободен превод, незаменлив токен во дигиталниот свет ќе биде еден вид потврда дека сте сопственик на нешто дигитално или во овој случај видео во кое Чарли го гризнува својот брат Хари. Овој феномен се однесува на трендот на купување „сопственост“ на дигитални дела, најчесто користејќи крипто-валути.

Ова исто така овозможува оригиналната верзија на виралното видео, мем или твит да се продава како да е уметничко дело.

Видеото, кое го обиколува светот од 2007 година, беше објавено на Youtube од таткото на Чарли и Хари, Хауард. Тој го стори тоа затоа што не можеше да ја испрати снимката по електронска пошта до кумовите кои живеат во Америка.

Видеото е направено сосема случајно, додека родителите ги снимаа најмалите како се дружат, а одеднаш стана вирално. Главните актери на видеото сега се 17 и 15 години, па родителите сметаат дека е време за „нова врска со Интернет“

 

 

– Ова не е крај на саканото видео, повеќе како нов почеток – напишано е на веб-страницата на семејството.

Loading...

Како што е наведено, оној што ќе ја понуди најголемата НФТ ќе има шанса да направи пародија на Чарли и Хари.

Аукцијата започнува на 22 мај и цената може да биде неверојатна.

 

 

Да потсетиме, мемото на девојчето што го користиме кога „правиме зло“ неодамна беше продадено за неверојатни 473.000 долари.

Девојчето на фотографијата, Зои Рот, која сега има 21 година, рече дека парите ќе ги донира во хуманитарни цели, но и за да ги плати студиите.

Семејството на Чарли и Хари не откри на што би ги потрошиле парите.

Loading...

 

https://youtu.be/_OBlgSz8sSM

Leave a Reply