Чајот ги штити забите и непцата

Сподели со своите пријатели

При едно истражување научниците утврдија дека чајот ги штити забите, односно тие утврдија дека пиењето најмалку три шолји чај на ден ги одржува забите во добра состојба, намалувајќи го ризикот од кариес. Прегледот на постојните истражувања покажа дека црниот чај помага во борбата со два вида бактерии – Streptococcus mutans и Lactobacillus, поврзувани со кариес и болестите на непцата.

Најефикасна доза чај е три до четири чаши на ден, соопшти шефот на истражувањето доктор Кери Ракстан. Истражувачите откриле уште дека црниот чај се бори со кариесот дури по додавањето на малку шеќер.

Чајот од магданос го подобрува здравјето

Loading...

Зелениот чај има сличен ефект и, исто така, помага за спречување на лошиот здив,односно ги неутрализира состојките кои придонесуваат за него. Доктор Ракстан соопшти дека има основи да се верува дека пиењето на чај штити од губење на забите. „Сигурна сум дека веста ќе биде добро прифатен од стоматолозите”, рече таа.

Д-р Ракстан објаснува дека кога ќе дојдат во контакт бактериите во устата со јаглехидрати, се произведува киселина од која се распаѓа забната глеѓ, предизвикувајќи штета, што наметнува пломба или доведува до губење на забот. Црниот и зелениот чај го намалуваат воспалението и го спречуваат растот на бактериите. Чајот содржи антиоксиданси наречени флавоноиди и катехини, кои штитат од бактерии.

Чај од боровинки за подобро здравје

Истражувањето покажа уште дека зелениот чај може да помогне за слабеење, го зголемува трошењето на енергија и го стимулира согорувањето на повеќе масти. Редовното консумирање го зголемува трошењето на енергија со 4-5%, предизвикува оксидацијата на мастите, односно нивно елиминирање, кои инаку би се насобрале во телото.