ЦЕРН суспендираше научник по изјавата дека физиката ја измислиле мажи

Сподели со своите пријатели

Научникот кој работел за Европскта организација за нуклеарна физика ЦЕРН и кој рекол дека „физиката ја измислиле и развиле мажите“ е суспендиран од работа.

Професорот Алесандро Струмија од Универзитетот во Пиза го изнел овој коментар за жените при презентација во женева во организацијата ЦЕРН. Тој зборувал на темата полови и развој на физиката. ЦЕРН денеска издал и соопштение за суспензија на Струмија додека трае истрагата.

Во соопштението се наведува дека изјавата на професорот е „неприфатлива“ и се коси со принципите на ЦЕРН.

– ЦЕРН секогаш настојува своите научници да ги изведе во мирно опркужување кое е севклучно, се наведува во соопштението.

ЦЕРН наведува дека е жално што ставовите на еден научник можат да ја засенат важната порака и постигнувањата на споменатиот настан, пренесува ВВС.

Leave a Reply