Цените на нафтата во светот повторно паѓаат

Сподели со своите пријатели

Цените на нафтата на светските берзи паднаа минатата недела, по 15 дена раст, бидејќи растот на западните економии забавува, што може да ја ослабне побарувачката на нафта, додека, од друга страна, тоа треба да биде поддржано со закрепнување на Кинеската економија, пренесува Хина.

Loading...

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 1,1 отсто – на 86,66 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 2 отсто – на 79,68 долари.

По две недели раст, цените паднаа бидејќи трговците се загрижени за забавување на растот на западните економии, особено на американската.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Новите податоци покажаа дека најголемата светска економија и натаму стабилно расте, но американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки со цел да ја потисне инфлацијата, што неминовно ќе го забави растот на економијата, а со тоа и побарувачката на нафта.

Важна реакција на кинеската економија

Се очекува лидерите на ФЕД повторно да ги зголемат каматните стапки оваа недела, за 0,25 процентни поени.

Поради ова, се поставува прашањето, велат аналитичарите, дали американската економија ќе западне во рецесија или „ќе слета тивко“.

Од друга страна, цените на „црното злато“ се поддржани од надежта на трговците дека брзото опуштање на рестриктивните мерки за Ковид ќе го забрза растот на кинеската економија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

„Дали цената на нафтата ќе порасне ќе зависи од тоа колку брзо ќе се опорави кинеската побарувачка за сурова нафта овој квартал“, вели Стивен Бренок од PVM.

Loading...

Кина е најголемиот увозник на нафта во светот, а олеснувањето на инфекцијата и постепеното нормализирање на животот би значело и закрепнување на економијата и побарувачката за гориво.