Цените на нафтата во благ пад, криптовалутите во црвено, житариците во негатива

Сподели со своите пријатели

Цените на нафтата паѓаат од утрово. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар изнесува 114 долари, што е намалување за околу 1 отсто во однос на вчерашниот ден.

Loading...

Цената на нафтата на американскиот пазар изнесува 112 долари, што е исто така пад од околу 2% во однос на вчера.

Да потсетиме, цената на нафтата во текот на претходните денови се искачи на највисоките нивоа во последните 2 месеци.

Биткоин утрово 29.000 долари

Пазарот на криптовалути од утрово е во минус. Вредноста на биткоинот е 29.746 долари, што е пад од околу 5 отсто. И другите криптовалути бележат пад од утрово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Цена на пченица и пченка

Цените на житата од утрово се во минус. Цената на пченицата е 1.041 долар за тон, што е пад од речиси 4 отсто во однос на вчерашниот ден.

Цената на пченката е 731 долар, што исто така е намалување за околу 3% во однос на вчера.

Loading...