Цените на храна во светот највисоки во последните 10 години

Сподели со своите пријатели

Светските цени на храната се зголемија четврти месец по ред во ноември и во моментов се на највисоко ниво во повеќе од една деценија, поттикнати од силната побарувачка за пченица и млечни производи, соопшти Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (УНФАО).

Loading...

Индексот на цените на храната на УНФАО, кој ги следи цените на кошничките со основните прехранбени производи, се зголеми за 1,2 отсто во ноември од неговата ревидирана вредност во октомври, на просечни 134,4 поени.

Ова е неговата највисока вредност од јуни 2011 година и најавува пораст на цените на основните прехранбени производи на годишно ниво од 27,3 отсто.

 

 

УНФАО ја намали почетната вредност на индексот во октомври за 0,4 поени, пренесува Хина.

Цените на земјоделските производи лани нагло пораснаа како резултат на доцнењето на жетвата и силната побарувачка.

Loading...

Цените на млекото и млечните производи пораснаа најмногу минатиот месец, 3,4 отсто во однос на октомври, поттикнати од силната увозна побарувачка за путер и млеко во прав.

Нагло поскапеа и житата, 3,1 отсто во однос на октомври и 23,2 отсто во однос на ланскиот ноември.

 

 

Цените на пченицата го достигнаа врвот од мај 2011 година, поради загриженоста за вонсезонските врнежи во Австралија и неизвесноста околу можните промени на рускиот извозен режим.

„Шеќерот порасна за 1,4 отсто од октомври, првенствено поради повисоките цени на етанолот, што ги охрабри одгледувачите на шеќерна трска да го насочат кон секторот за производство на алкохол“, објаснуваат од УНФАО.

Споредено со ланскиот ноември, цените на шеќерот се повисоки за околу 40 отсто.

Loading...

Цените на растителното масло се речиси непроменети во однос на октомври, додека цените на месото паднаа за 0,9 отсто во однос на октомври.