Целосно помрачување на Месечината на 27 јули ќе се гледа над Балканот

Сподели со своите пријатели

Жителите на Балканот ќе имаат можност ноќта помеѓу 27. и 28. јули да го набљудуваат помрачувањето на Месечината.

Сите фази од помрачувањето ќе можат да се видат од Индискиот океан, Индија, Источна Африка, Арапскиот полуостров и подрачјето на Каспиското море.

Од Балканот ќе може да се следи од излегувањето на Месечината по 20 часот и по неговото влегување во полусенка околу час и половина подоцна.

Во случај на поволни временски услови, појавата ќе може да се набљудува со голо око.

Покрај помрачувањето на Месечината, ќе можат да се набљудуваат и планетите Венера, , Јупитер, Сатурн и Марс.

Leave a Reply