Целодневен престој во посебните паралелки на ОУ „Браќа Миладиновци“

Сподели со своите пријатели

Основното училиште Браќа Миладиновци преку проект доби средства за доградба на просториите за посебните паралелки кои се наоѓаат на улицата Тане Георгиевски, попозната меѓу кумановци како Циганско сокаче. Со 50.000 евра кои се добиени преку Министерството за труд и социјална политика ќе се овозможат услови за целодневен престој на децата со посебни потреби, но и за сите останати жители. Браќа Миладиновци е единственото училиште во Североисточниот регион кој има паралелки за деца со посебни потреби.

Loading...

-Со години наназад кај родителите се јавува потреба за отворање на целодневен престој за деца со посебни паралелки оваа година од Министерството за труд и социјала ни беше кажано дека можеме да конкурираме доставивме проект и пред две-три недели излезе во службен весник дека проектот е поминат и во текот на оваа учебна година до наредната ќе биде изграден во делот на посебни паралелки. Претпоставувам дека целодневниот престој ќе го користат сите граѓани на општина Куманово дека нема да биде само за посебните паралелки туку напротив ќе може сите оние родители кои имаат потреба да ги запишуваат своите деца, на кој принцип и како ќе биде допрва очекуваме министерството за труд и социјала да не извести со тоа кога ќе почне доградбата-посочи директорката Марина Манојловска.

На горниот кат од училиштето се наоѓаат училници кои во моментов ги користат учениците од посебните паралелки, а на првиот кат има простор кој не е изграден. Манојловска посочи дека родителите на децата со посебни потреби најчесто се социјално загрозени, така што со овозможување на целодневен престој во училиштето тие ќе можат да се вработат. Овој дел од училиштето во моментов работи со 60-ина ученици. Браќа Миладиновци активно работи и на други проекти.

-Во тек е исто така и проектот за т. н Соколана односно истурените паралелки кој го реалзиираме преку Јапонската амбасада донацијата е околу 54.000 евра, целосно менување на надворешна и внатрешна столарија и парно греење она што велиме ќе ги исфрлиме и шпоретите на дрва, сега ќе има подобри услови за учениците таму. Вкупната маса на инвестиции која е вложена во овие пет години како сум менаџер на ова училиште е околу 330.000 евра. Тоа е од големо значење за училиштето но и за самиот град, бидејќи годишната програма на градот предвидува вакви инфраструктурни инвестиици а ние како училиште кое ги добиваме даваме можност градот тие пари кои ги предвидува за во Браќа Миладиновци да ги инвестира во инфраструктура или во некои други објекти, што значи дека како училиште на градот му имаме дадено околу 330.000 евра-додаде таа.

Директорката посочи дека и во иднина ќе продолжат да аплицираат на проектите на кои се издвојуваат средства з подобрување на условите во образованието.

 

 

Leave a Reply