Цело село во Швајцарија станува хотел: 12 мештани се борат да го сочуваат од заборав (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Малото живописно село Корипо во долината на Верзаск, во швајцарскиот кантон Тичино, една е од најмалите општини во земјата, која ја населуваат само 12 жители.

Некогаш тоа била просперитетна заедница, но како и многу алпски села, доживеало години на опаѓање, кога младите генерации започнале масовно да се иселуваат во градовите во потрага по подобри општествени, образовни и работни можности.

Преостанатите мештани сега се борат да го сочуваат местото од изумирање, претворајќи го селото во сезонски хотел.

 

Loading...

 

Корипо се наоѓа на југот од Швајцарија, во единствениот кантон во која официјалниот јазик е ителијанскиот. Некогаш, на овој врв, имало повеќе од 300 жители, но неговата популација се намалува во последните 200 години.

Иако селото денес спаднало на само 12, претежно стари мештани, од кои поголемиот дел пензионери, сите тие напорно работат за да обезбедат иднина на оваа место.

Корипо во 1975. година ја освојува европската награда за заштита и зачувување на споменици и културно наследство. Наградата ги охрабрила мештаните да ја основаат Корипо фондацијата, која и денес се занимава со зачувување на наследстото, настојувајќи на местото да му обезбеди иднина претворајќи го во туристички проект во таа регија.

Идејата за претворање на целото село во хотелски комплекс подразбира ресторанот на главниот плоштад да биде претворен во рецепција и сала. Самиот плоштад ќе биде своевиден вид на фоаје од кое ќе преку илиците – „ходниците“ ќе се пристигна до една од 60 камени куќи кои ќе бидат претворени во хотелски соби, направени во автентичниот рустичен локален стил.

Понатамошните планови предвидуваат претворање на градската куќа и локалната црква во место за собирање на луѓе под отворено небо, воведување услуги за превоз и туристички тури за разгледување на околината, посети на музеи, како и часови за готвење.

Доколку почетните планови се остварат, во план е реконструкција и на останатите објекти, како што се старата пекарница, селскиот млин и сушарата за костени, но и обнова на заборавените култури.

Проектот на мештаните за заживување на Корипо ја добило и наградата за иновација на швајцарското здружение на хотелиери и ресторатери, и поддршка од туристичката организација, како совршено место за „дигитален детокс“.

Leave a Reply