Царовска: Ги развиваме услугите за заштита од родово насилство, специјализирани сервиси се отвораат во уште 5 региони

Сподели со своите пријатели

Министерката за труд си социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваше на Конференција на ХЕРА- Асоцијација за здравствена едукација и истражување,  на тема „Финансиските импликации за обезбедување допстапни и пристапни специјализирани сервиси за жртви на родово засновано и семејно насилство“. Целата на конференцијата е да се отвори дискусија за ова прашање и истата да биде во согласност со стандардите на конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство.

Loading...

„Родово базираното насилство е нешто што и во моментот го работиме како развој на услуги. Министерството со Градот Скопје ги покрива сите услуги во скопскиот регион коишто се менаџирани и спроведувани дел од Центрите за социјална работа, дел од здруженијата на граѓани“, изјави Царовска.

Во моментот во скопскиот регион има воспоставено СОС линија, кризен центар за 24-48 часа сместување, долгорочно сместување до 6 месеци во шелтер центар, психо-социјална поддршка во прв семеен центар за жртви сторители и деца и правно зајакнување.

„Дополнително до октомври месец е планиран развој на психо-социјални советувалишта во уште 5 градови во други региони, затоа што е важно услугите да се блиску до граѓаните и ќе работиме на развој на истиот овој пакет на услуги во другите региони. Јас сум сигурна дека до 2025, како што е утврдено во Акцискиот план од Истанбулската конвенција, којашто ја ратификувавме како држава, ќе ги исполниме стандардите и ќе добиеме позитивно светло од оние кои треба да ја оценат државата“, дополни Царовска.

Република Северна Македонија на 30 декември 2017 ја ратификуваше Европската Конвенција за спречување борба против насилство врз жените вклучително и семејно насилство (Истанбулска конвенција) која стапи на сила на 1 јули 2018. На 9-ти октомври 2018 година го усвои Акцискиот план за нејзино спроведување за период до 2023 година. Тука предвидени се конкретни активности и временска рамка за реализирање. Посебен фокус во имплементацијата на акцискиот план е во националната легислатива и развивање на специјализирани сервиси за жртви на родово базирано насилство.

Во Законот за социјална заштита, освен што се унапредуваат социјалните права и трансфери кон граѓаните, се дава основа за плурализација или развој на социјалната заштита. Ова се постигнува преку пренесување на услугите на локално ниво и вклучување на социјални партнери, како здруженија на граѓани или приватни компании коишто можат да нудат услуги во име на државата.

Текст и фото: Министерство за труд и социјална политика

Leave a Reply