Цариниците на Табановце спречија обид за шверц на девизи

Сподели со своите пријатели

Како што соопшти Царинската управа во неделниот извештај за заплени, во текот на минатата недела, откриени се 2.940 американски долари и 850 евра, и тоа при личен претрес на македонски државјанин, кој како сопатник во македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

На прашање на царинските службеници, патникот пријавил дека носи 2.000 евра, но при извршениот личен претрес, покрај пријавените пари, во задниот џеб од фармерките се пронајдени 850 евра, а во горниот преден џеб од јакната уште 2.940 американски долари, за кои не поседувал документ за потекло.

На патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок ќе биде поведена  соодветна постапка.