Цариниците на ГП Табановце запленија 30.000 евра и препарати за хигиена

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници откриле повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, делови за товарни возила, регистарски таблички, пенкала, рачни часовници, пластични продолжетоци и фалсификати.

Loading...

Царинските службеници на ГП Табановце откриле 30.000 евра при личен претрес на грчки државјанин, кој како патник во грчки автомобил, управуван од грчки државјанин се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Devizi, mobilna

Во преден џеб од фармерките на патникот биле пронајдени 40.000 евра за кои не поседувал потврда за внесени девизни средства, издадена од царинските органи на Република Македонија. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Во вториот случај, при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Тетово, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Куманово, биле пронајдени 35.992 сапуни и 8.988 пасти за заби во пакувања од 50 ml.

Производте се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и согласно законските прописи, Царинската управа ќе започне постапка за утврдување на нивната оригиналност.