Бускетс има план како да се елиминира Челзи

Сподели со своите пријатели

Халфот на Барселона, Серхио Бускетс изјави дека во претстојниот натпревар против Челзи на „Стемфорд Бриџ“ ќе биде од особено значење кој од двата тима ќе успее да ја добие битката во центарот на теренот. Тој исто така смета дека е многу важно за Каталонците да постигнат гол за време на нивното гостување во Лондон.

– Ова се два судира против Челзи, кои сосема се разликуваат во споредба со претходните два во 2009 и 2012 година. Како нас, тие имаат многу нови играчи. Ние направивме детална анализа на противникот, на неговата игра. Идентификувавме некои слабости кои ние нужно мораме да ги искористиме. Најважно во претстојниот натпревар на „Стемфорд Бриџ“ е да постигнеаме гол. Одиме таму за да постигнеме гол и да победиме, рече Бускетс пред клубската телевизија.

– Дуелот ќе биде многу интензивен и мислам дека во голема мера ќе биде решен од битката во средината на теренот. Тие играат со тројца играчи од средниот ред пред одбраната и двајца фудбалери кои дејствуваат слободно и ја организираат играта на тимот. Во предниот дел тие играат со напаѓач и Азар, додаде третиот капитен на Барселона.

Тој нагласи дека „судирот во средината ќе биде многу интензивен. Ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил и темпото на игра. Тие исто така ќе сакаат да ја поседуваат топката. Тие ќе бидат многу опасни во контра-нападите што ќе ги организираат“.

– Со Конте, системот на игра е различен и променлив. Многу луѓе тврдат дека Челзи е дефанзивен и сака да дејствува на контри, но начинот на кој игра тимот е поинаков. Пред сѐ, ќе биде чудно кога ќе се спротивставам на Цеск и Педро. Нема да има место за чувства на теренот. Секој од нив се стреми кон својата цел. Имаме одлични врски и очекувам тие да продолжат да бидат вакви по овие два натпревара. Секогаш кога разговараме, не станува збор за фудбал, додаде Бускетс. /МИА

Leave a Reply