Бугарија протера руски дипломат обвинет за шпионажа

Сподели со своите пријатели

Бугарија протера руски дипломат обвинет од бугарското обвинителство за шпионажа.

Loading...

Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека побарало од рускиот амбасадор во Софија да се отповика дипломат обвинет за шпионажа.

Бугарското обвинителство претходно соопшти дека добило информации од државната безбедносна агенција за дипломатот и дека истрагата „целосно ги потврдила обвиненијата“.

Обвинителството соопшти дека дипломатот, првиот секретар во руската амбасада во Софија, имал редовни состаноци со бугарски државјани од септември 2018 година, вклучително и висок функционер кој има пристап до доверливи информации за Бугарија, ЕУ и НАТО и дека им понудил обештетување во замена за информации.

Leave a Reply